Студија покажа колку долго децата со омикрон се заразни
Децата кои се заразени со омикронската варијанта на коронавирусот се заразни во просек три дена по позитивниот тест, покажа новото истражување.
Веќе на петтиот ден повеќето деца повеќе не се заразни, тврдат научниците кои ги објавија резултатите од истражувањето во списанието „JAMA Pediatrics“.
Додаваат дека информацијата е валидна без разлика дали децата се вакцинирани или не.
За истражувачки цели, научниците од американскиот универзитет Стенфорд анализираа брисеви од носот на 76 деца и адолесценти на возраст под 18 години, позитивни на Ковид-19. Сите беа заразени со микронската варијанта на коронавирусот.
Подтиповите на Омикрон како што се EG.5 и KSBB.1.16 моментално циркулираат во многу земји низ светот.
Германското здружение на педијатри (BVKJ) препорачува, како и во случај на настинка, децата заразени со корона вирусот да останат дома кога не се чувствуваат добро, имаат висока температура, дијареа или повраќање.
По 24 часа без симптоми, детето може да се врати во градинка или училиште.
Според претходните истражувања, возрасните заразени со Омикрон се заразни малку подолго, во просек пет дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа