Студентите со „црвени картони“ кон МОН: Револтирани се од непочитувањето на роковите и негрижата за нив

 

Претседателот на УСС на УКИМ  Александар Николовски изјави дека се револтирани поради неисплаќањето стипендии и други субвенции за студентите.

Покажуваме црвен картон кон вработените во МОН и УСС се залага студентите во иднина да бидат слушнати и нивниот глас да биде уважен. Во фб-статусот на министерот Јетон Шаќири беше напишано дека се легнати средствата, но според ветувањето средствата требаше да бидат легнати првично на средината на јануари, па крај на јануари. И тоа е само за стипендиите. Покрај тоа, имавме средства за ретроактивно исплата, имавме мерка ваучери за превоз, како и проблеми со студентскиот оброк. Така што, овој револт е создаден поради ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институцијаизјави Николовски.

Бараат промена на самиот систем па следен потег е иницирање за воспоставување на календар за активности кон кои МОН ќе треба да се придржува  а воедно да има и навремена исплата на сите мерки.

Студентите на протестот го повикуваа министерот да дојде, но ја одбија неговата покана да имаат средба во МОН.

Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството.

05.02.2024 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега