Страшна несреќа во Скопје - Автомобил прегази малолетник
Уште една страшна несреќа го потресе Скопје кога малолетник бил прегазен на улица.
Според податоците на МВР, во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 61-годишниот Р.Р. од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од селото Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
19.02.2025 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа