Стоилковски: Денеска е 14-ти ден по колапсот на Хирургија – одговорност ќе има

 

Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстенсистем во Македонија. 14-ти ден! И ден – петок. Што значи,  со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги. Почитувани, ова е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со европскиот фронт.  14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс. 14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност – владата на СДС/ДУИ. Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност,  а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост. Срамно и недостоинствено, но својствено за СДС/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак, вели тој.

31.05.2024 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега