Стигнаа резултатите од обдукцијата: Откриени страшни детали за смртта на славниот фудбалер Марадона
Резултатите од обдукцијата на славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона беа објавени на тамошната национална телевизија.
Аргентинската телевизија Телефе ги објави резултатите од обдукцијата на легендарниот фудбалер, а се чини дека прашината допрва ќе се крева.
Како што се наведува, главните податоци од извештајот се дека не се пронајдени траги од дрога и алкохол во крвта, но и еден застрашувачки факт.
Имено, тие тврдат дека Диего не умрел брзо, дека доживеал агонија во кревет, што, според нив, можело да трае меѓу шест и осум часа.
Правниот тим предводен од Матијас Морла веќе тврдеше дека смртта настапила поради небрежност на лекарите, а доколку се точни овие тврдења, доктор Лук и оние кои се грижеле за Марадона ќе имаат потешкотии да се извлечат.
Официјален извештај за обдукција вели дека Марадона починал од „акутен белодробен едем поради влошување на срцевата слабост“.
#PoneTLFNoticias [ÚLTIMO MOMENTO] Causa Maradona@mauroszeta Con los primeros resultados de las pericias sobre el cuerpo del Diez pic.twitter.com/HAePHOS0EX
— Telefe Noticias (@telefenoticias) December 23, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа