Стар трик, нова жртва: Скопјанец остана без 60.000 евра

 


Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 60.000 денари. Имено, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало.


Но, подоцна, кога ја отворил кутијата со производите видел дека тие не се од брендот како што му кажало лицето, односно сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.03.2025 - 15:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега