Српската полиција ја опколи колибата на еден од осомничените за убиството на Данка

 

Голем број припадници на српскатав Жандармерија ја опколи колибата на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ, јавува српски Телеграф.

Колибата се наоѓа малку надвор од селото Лука, каде живее осомничениот Срѓан.

Полицијата го пребарува имотот, за да го пронајде телото на двегодишната Данка.

Овој дел од селото е многу оддалечен, а до него води само тесен земјен пат.

Тоа е ридски терен, кој е опкружен со шуми и полиња, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата рано денеска извршила претрес во селото и имотот на осомничениот, а во потрагата им помага и таткото на Срѓан.

Пристапите кон куќата на Срѓан Јанковиќ се блокирани, а во потрага по телото на малото девојче беше подигнат и дрон.

Данка Илиќ исчезна од дворот на куќата во Бањско Поле на 26 март, околу половина час откако дошла на имотот со мајка си и братот.

Српскиот министер за внатрешни на конференцијата детаљно го откри временскиот интервал кога семејството пристигнало на имотот и кога исчезнало детето.

Претходните десет дена припадници на полицијата, граѓани и бројни други служби неуморно трагаа по девојчето, но, денеска беше потврдено дека малата Данка е убиена.

04.04.2024 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега