Средба Муцунски-Бајрамов: Aкцент на економијата, инвестициите и трговската размена

 

Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во фокусот на разговорите биле односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво.

Соговорниците изразиле задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.

Министрите заеднички потврдиле дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.

Како особено значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишале Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка. 

12.03.2025 - 10:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега