Спремете ја кожата за топлите денови: Направете сами пилинг од кафе и шеќер за мазна кожа

Пристигна пролетта, а со неа повеќе сонце и полесна гардероба. Со цел да ги отстраните мртвите клетки од кожата, да ја вратите мекоста, сјајот и да обезбедите хидратација, направете пилинг со кафе и шеќер кој е подеднакво ефикасен како пилингот купен во продавница.

Состојки:

80 гр мелено кафе
80 гр кокосово масло
80 гр шеќер
1 лажичка екстракт од ванила

Добро измешајте ги сите состојки. Со кружни движења масирајте го пилингот на влажна кожа, но бидете внимателни да не притискате многу за да не ја оштетите кожата. Се препорачува само за тело, а не за лице. Исплакнете темелно.

Се препорачува да се користи еднаш или двапати неделно за најдобри резултати.

Смесата чувајте ја во херметички затворен сад. Складирана на овој начин, може да се користи до два месеци.

23.03.2023 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега