Спасовски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја
Денеска, (19.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари протоколарна средба и му посака добредојде во земјава на новоименуваниот амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.
На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Казуја меѓу другите теми од заеднички интерес разговараа и за соработката помеѓу нашите две пријателски земји како и за безбедносната состојба во нашата земја, при што од страна на јапонскиот амбасадор Казуја беше изразено задоволство што може да престојува и работи во земја која се смета за најбезбедна земја во регионот на Западен Балкан.
На крајот од средбата и двајцата соговорници изразија подготвеност за продлабочување на соработката во конкретни области од заеднички интерес за двете земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа