Спасовски: Ова е изолиран случај со организатори и крајна цел, нема врска со јавната безбедност
Првиот човек на полицијата одговарајќи на новинарско прашање, во врска со тоа како граѓаните да се чувствуваат безбедни после двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежов кажа дека овој случај бил изолиран, со посебни организатори и крајна цел, и како што кажа немало врска со јавната безбедност во генерална смисла.
„Сакам да кажам ова е изолиран случај, инцидентен случај којшто имал организатори и имал крајна цел. Ова нема врска со јавната безбедност генерално. Ова лице според утврдените факти е грабнато внатре во влезот на зградата, по претходна добиена информација кога излегува и дека излегува сам. Тоа е сосема различно од тоа што се имплицира“, изјави Спасовски.
Тој кажа и дека не било точно дека информации не биле објавувани поради Самитот на ОБСЕ. Дополни дека истрагата се одвивала непрекинато, а истата и Самитот на ОБСЕ биле водени од различни единици на МВР.
„Еве и синоќа слушнавме дека поради Самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето на девојчето и дека заради таа активност, поради организацијата на Самитот ние не сме објавиле јавно. Тоа е апсолутна лага“, дециден е Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа