Спасовски: Кривичните против мене се политички мотивирани

 

Јас сум тука, порача Оливер Спасовски, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма, како одговор на прашањето за двете кривични пријави – една од ВМРО-ДПМНЕ, втората од партијата на неговиот поранешен сопартиец, Максим Димитриевски.

„Тука сум да одговорам на сите прашања кои што се поставуваат. Има две кривични пријави од партии кои беа поднесени вчера во јавното Обвинителство. Тие кривични пријави ги сметам како политички мотивирани. Не се засновани на правото, ниту говорат нешто во однос на правото. Има институции во државата, има постапки низ кои ќе се отвори целиот процес, ќе се прибават сите документи, сите докази и врз основа на тоа ќе се носат, веројатно, и одлуките“, изјави Спасовски.

16.02.2024 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега