Спасена жена по поминати 104 часа под урнатините
Жива жена беше спасена од урнатините во градот Кирихан, 104 часа по земјотресот во Турција, со овации и солзи радосници од сите што беа сведоци.
Германските спасувачи внимателно ја извлекоа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки од скршените блокови од бетон и искривен метал во градот Кирихан.
„Верувам во чуда сега. Можете да видите луѓе како плачат и се гушкаат еден со друг. Големо олеснување е што оваа жена беше извлечена во толку добра состојба во овие услови. Тоа е апсолутно чудо“, рече Стивен Баер, водач на Меѓународната потрага и спасувачкиот тим.
Досега е потврдено дека загинале 21.000 луѓе поради земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија.
Стотици илјади други останаа без покрив над главата и без храна во мрачните зимски услови, очајнички барајќи помош за да си ги олеснат маките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа