Состојки во кафето кои помагаат да изгубите тежина

Многу луѓе имаат навика да пијат кафе штом го започнат денот. Обично кога е зима, помалку се движиме и тренираме и бараме различни начини како да се ослободиме од вишокот килограми.

Кафе содржи кофеин кој не се препорачува го големи количини, иако мала шолја кафе нема да биде проблем. Следните состојки се одлични за да не се претера со вишокот килограми.

Лимон

Лимонот е позната состојка која може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да ги намали срцевите заболувања. Богат е со витамин Ц, кој помага во природните процеси на согорување на маснотиите во телото, додека кафето може да го стимулира кафеното масно ткиво, кое игра клучна улога во тоа колку брзо можеме да ги согориме калориите како енергија – велат експертите.

Цимет

Овој зачин има слатка мирисна арома, но има и потенцијални здравствени придобивки. Циметот содржи антиоксиданси, антиинфламаторни својства и дури може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта. Посипете малку врз вашето кафе или промешајте за целосно ароматично искуство – советуваат експертите.

Кардамон

Овој азиски зачин ќе му додаде посебен и егзотичен вкус на кафето, а и поврзан е со различни здравствени придобивки, подобрување на варењето и метаболизмот. Скршете неколку мешунки од кардамон и сварете ги со кафе – велат експертите.

Кокос

Малку кокосово масло во кафето може да обезбеди кремаста текстура и суптилен тропски вкус. Кокосот е познат по своите „термогени“ својства кои можат да помогнат во согорувањето на мастите – велат експертите.

07.12.2023 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега