Сопруги, мајки и сестри на војници во Русија: „Вратете ги дома“
Сѐ повеќе роднините на мобилизираните Руси кои беа испратени во војната против Украина се организираат во движење. Тие бараат враќање на нивните сопрузи и синови од фронтот, организираат бдеење и флеш-мобови и апелираат до рускиот претседател Владимир Путин. Државните власти се обидуваат да ги запрат нивните акции поради страв од ширење на протестите, пренесува Дојче Веле.
Во исто време, властите признаваат дека мобилизацијата во Русија ќе продолжи се додека не биде откажана од претседателот. Тоа значи дека регрутите можат да се држат на фронтот на неодредено време – и нема одредба за ротација. Протестното расположение дополнително го зајакнува веста дека претседателот помилувал уште еден осуден тежок криминалец, само затоа што учествувал во војната против Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа