Сопругата на Навални нема веќе Твитер: Ја суспендирале на оваа социјална мрежа

 

Социјалната мрежа Х ја суспендираше сметката на Јулија, вдовицата на рускиот опозиционер и еден од најгласните критичари на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални.

Како што пренесува Sky news, не е познато зошто е тоа направено. Само наведува дека X суспендира сметки кои ги прекршуваат правилата на таа социјална мрежа.

Претходно денеска на мрежата Х, Јулија Навални го повика Кремљ „да го предаде телото на Алексеј и да дозволи достоинствено да биде погребан“.

Таа, исто така, рече „не и е грижа како прес секретарот на убиецот ги коментира нејзините зборови“.

Пред тоа, таа го обвини Путин за убиство на нејзиниот сопруг, додавајќи дека наскоро ќе бидат обезбедени докази за нејзиното тврдење.

Кремљ негираше вмешаност, велејќи дека тврдењата дека рускиот лидер е одговорен се неприфатливи.

Алексеј Навални почина во петокот во затвор во руската арктичка област, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна.

20.02.2024 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега