Сообраќаен метеж на ГП „Богородица“ - се чека половина час за излез од државата

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата напатиштата. 

 На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

27.07.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега