Со автомобил прегазил 82-годишен маж во Куманово, па избегал

 

СВР Куманово информира дека вчера околу 11.00 часот  на крстосница од локален пат за с.Пчиња, ул.„Косовски бригади“ и крак од ул.„Тоде Думба“ патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово и го напуштило местото.

 

Возрасниот маж се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител.

05.08.2022 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега