Снег во Хрватска, температурите паднаа дури за 20 степени


Најавената промена на времето во Хрватска пристигна. Во Загреб за 24 часа температурите паднаа за дури 20 степени Целзиусови.

Во Загреб, како што пренесуваат медиумите има, скршени дрвја од невремето, а во Загорје заврна и снег.

Според прогнозата, посилна облачност со врнежи од дожд од северозапад од земјава постепено ќе се прошири и во останатите делови од земјава. Со значително заладување врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините и на некои низини со создавање на потенка снежна покривка во Горски Котар.

16.04.2024 - 17:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега