Словенија го забрани пиајлакот по кој лудуваат децата во Македонија

 

Словенечката Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата го забрани за употреба познатиот енергетски пијалак Прајм. Инспекцијата на управата извршила контроли на пијалакот при што е откриено дека во оптек има две верзии. Подоцнежната проверка на состојките покажа дека енергетскиот пијалак ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалаци во ЕУ, но е дозволена во друга храна. Така, оваа верзија е забранета за оптек, пренесува словенечки 24ур.

Кофеинскиот енергетски пијалак на овој бренд содржи дури 200 mg кофеин по конзерва. За споредба, најпознатиот енергетски пијалак на пазарот содржи 80 мг. кофеин по конзерва.

Управата и Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побараа процена на ризик од Националниот институт за јавно здравје.

Како што појаснија оттаму, од доставената документација јасно се гледа дека проценетата изложеност на кофеин преку консумирање на енергетските пијалаци Прајм укажува на постоење на веројатност за штетно влијание по здравјето на релевантните групи на население, па затоа енергетските пијалаци Prime претставуваат ризик за здравјето на децата и адолесцентите со оглед на содржината на кофеин.

Енергетските пијалаци мора да бидат опремени со предупредувања дека пијалакот не е погоден за деца и помлади луѓе поради високата содржина на кофеин.

Инаку, Prime е исклучително популарен меѓу тинејџерите низ светот. Овој пијалак го промовираат јутјуберите Логан Пол и КСИ, а иако пишува дека не е за помлади од 18 години, дизајнот и маркетингот се такви што ја таргетираат помладата популација

 

14.11.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега