Слоба Радановиќ стана татко, за синот избра прекрасно име
Популарниот пејач Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена денеска станаа родители на здраво момче на кое му го дадоа името Дамјан!
Јелена вчера била примена во приватна клиника во Белград каде се породила денеска околу пладне со царски рез.
Како што дознава ПИНК.РС се поминало совршено, Јелена и бебето се чувствуваат одлично, а новороденчето е оценето со најголема оценка.
Инаку, ова бебе за Јелена е трето дете (од претходниот брат има два сина), а прво дете му е на Слоба.
-Многу размислувавме за името, гледавме некои постари имиња. Инаку, едно од омилените места ми е манастирот Зочиште, тоа е манастир посветен на Светите лекари, Косма и Дамјан, па тоа е една од причините, откри Радановиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа