Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје утре нема да го наплаќа кафето, односно сите пари кои гостите ќе ги платат, ќе ги донира за лекувањето на Леонид.

Хелиум Кафе се приклучува за помош на Леонид!

Само утре, петок (23 февруари), секое купено еспресо ќе биде 100 денари и ќе биде донирано за Леонид! Побарајте ја кутијата за донации и таму ставете ги вашите 100 денари за еспресо а доколку сте во можност, и повеќе.

Средствата ќе бидат донирани на жиро сметката на Леонид во понеделник!

Ајде да помогнеме сите заедно!

Хелуим Кафе е едно убаво кафуле во скопската населба Ново Лисиче каде ретко се наоѓа слободно место.

 

22.02.2024 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега