Скопска директорка се гоштевала по кафеани со парите од градинката, обзнани Стефковски и ја разреши

 

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја разреши од функцијата директорката на градинката „Детска радост“ во општината Гази Баба. Тој на денешната прес-конференција рече дека веќе подолг временски период до него пристигнувале информации за незаконско работење на директорката.

Неазвисниот ревизор утврдил дека во градинката се работело спротивно на повеќе закони. Директорката купувала мебел за нејзиниот кабинет а не за децата, купувала храна за носење по работното време и го користела службеното возило за приватни цели.

„Направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.
Со извршениот увид во налозите за користење на патничкиот автомобил сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано, користење на возилото за приватни цели“ изјави Стефковски.

Управниот одбор на градинката на 19.04.2023 година до градоначалникот доставил барање за разрешување на директорката. Членот 125 став 5 од Законот за Заштита на децата децидно вели: Градоначалникот е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на предлогот од управниот одбор да го разреши директорот.

Стефковски го повика Министерството за труд и социјална политика и работа да застане на страната на законот, бидејќи, како што кажа, се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење.

25.04.2023 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега