Скопје: Со тикет од 20 денари, успеа да ги погоди сите и доби 2,5 милиони денари
И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на Sport Life во Влае. Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра.
Среќниот, но и вешт играч, одиграл 27 фудбалски натпревари од различни првенства, од кои дури 24 на конечен тип, а три се погодени на други игри за вкупен погоден коефициент во износ од 70.039. Така, со 20 денари остварил добивка од 1,4 милиони денари, но со бонусот Фибоначи, остварил плус 1,1 милиони денари, за да стане двоен милионер на Sport Life.
Изборот на натпревари и игри, од различни првенства му донесоа покрај висока добивка и многу неизвесности и возбуда. Така на пример на два меча, головите за победа паѓаа во 96-тата минута, а на друг во 98-та минута. На мечот пак во Италија меѓу Модена и Имолезе, победничкиот гол е постигнат од голманот и тоа од 80 метри, во 91-та минута од мечот.
Покрај мечевите од пониските лиги на Англија, Белорусија, Бразил, Шпанија, Чешка и други, му се погодиле и мечевите од Бундеслигата. Еден по еден, сите 27 меча оделе во негов прилог, така во еден викенд, уплаќајќи рано в сабота, веќе во утринските часови во недела ја остварил целта. Со среќа нека му е добивката и добиениот бонус!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа