Скопје: Центар денеска без вода

Поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8 денеска од 8:30 часот  без вода ќе останат жителите на дел од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

18.02.2024 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега