Скок на транспарентноста на Владата: Од 25% на 100%

Владата има максимални 100 проценти активна транспарентност од можни 100 отсто, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска владината Прес-служба.

– Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25 отсто транспарентност во 2016 година, денес согласно рангирањето има целосна, односно 100 отсто транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент, се наведува во соопштението.

Од владината Прес-служба посочуваат дека според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто и во однос на минатата година, кога изнесувала 63 проценти, е подобрена за десет процентни поени.

– Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 отсто од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85 проценти, а на општините 70 отсто. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет, се додава во соопштението.

Владата посочува дека продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено објавување на информациите од јавен карактер, како еден од нејзините врвни приоритети.

– Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција, се додава во соопштението.

18.08.2022 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега