Скандал: Наместен меч на Ролан Гарос
Скандал во најава на овогодинешниот Ролан Гарос, откако постои сомнение дека е наместен натпревар во женски двојки. Се работи за дуел во двојки што Романките Андреа Миту и Патриша Марта Тиг ги одиграа против Американката Медисон Бренгл и Русинката Јена Сизикова.
Романската двојка го доби тој натпревар од првото коло со 2:0, но постои сомнеж дека е наместен.
Причина за тоа е фактот што обложувалниците пријавија исплати на големи пари за тој дуел во петтиот гем од вториот сет.
Тогаш Бренгл и Сизикова го загубија својот сервис без ниту еден освоен бод.
Потоа, на следниот гем направија брејк, а потоа уште еднаш го загубија сервисот и подоцна беа поразени во два сета.
Во истрагата се вклучи и полицијата, како и надлежните институции.
Историјата покажува дека ако се докажат овие наводи за фалсификат, казните би можеле да бидат драконски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа