Синот на Ахмети го шири бизнисот со струја
Два месеци откако синот на Али Ахмети влезе во енергетскиот сектор отворајќи ја компанијата за производство на електрична енергија „Тхеас Енергу ДООЕЛ“ во кичевски Зајас, Шкумбин Ахмети со нова инвестиција го шири бизнисот преку нова фирма, овој пат со странски партнери, открива „А1он“.
На 22 февруари, компанијата на Шкумбин Ахмети, „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаат нова компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност ќе биде производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.
За управители на „Мега Повер ДОО Скопје“ се заведени Шкумбин Ахмети, како и Ор Ел Леви (Бабаи) и Ранјит Наиак од „Сее Повер ДОО Скопје“. Оваа компанија, пак, е регистрирана во скопски Аеродром една недела порано пред заеднички со синот на Ахмети да влезат во инвестиција преку новата фирма.
Сопствениците на „Сее Повер ДОО Скопје“ се странски државјани – од Израел и Романија и генерално непознати за јавноста. Освен името и презимето на Индиецот Ранјит Наиак. Наиак во периодот од 2013 – 2015 во времето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, бил главен советник за меѓународни и европски прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа