Силна порака на Захарова до Србија: Нема да се откажеме од поддршката на српскиот народ, тоа ни е во крвта
Русија секогаш ќе продолжи да го поддржува српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, Русија во текот на историјата отсекогаш ѝ подавала рака на Србија, дури и во тешки ситуации, односно кога Русија била на работ и кога се борела за сопствен опстанок.
Исто како и тогаш, Москва ќе продолжи да ѝ помага на Србија и сега, рече Захарова.
„Кога не сме им давале поддршка на државата и на народот на Србија? Дали некогаш беше така? И кога ни беше многу тешко, дури и кога самите се боревме за опстанок, секогаш подававме рака за помош и од душа и од срце, без разлика на околностите. Што мислите, дали сега ќе се откажеме од нашиот историски став за поддршка на српскиот народ? Не, нема да се откажеме бидејќи тоа ни е во крвта, во нашата душа“, рече Захарова на неделниот брифинг одговарајќи на прашање на новинарите на „РТ Балкан“, пренесе „Новости.рс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа