Шоле: Северна Македонија е подготвена да направи уставни промени, но политиката е тешка

„Треба да ја поддржиме Северна Македонија да направи уставни промени кои би изгледале минорни, но се политички доста тешки, рече советникот на Стејт департментот Дерек Шоле на распит за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот.“- му одговори Шоле на прашањето на демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи: Кажете ми малку за тоа кои се опипливите придобивки што би ги добила Северна Македонија со влезот во ЕУ? Зошто е навистина важно за нив некако да ги решат нивните разлики со Бугарија за да можат да влезат во Европската унија?

„Тие треба да донесат некои тешки одлуки во однос на уставните промени кои од нив се бара да ги направат. Тие се подготвени да ги направат тие промени, но политиката е тешка. И тоа што треба да слушнат од сите нас е нашата поддршка да ги направат овие промени кои би изгледале минорни, но се политички доста тешки, а тоа ќе помогне да се отклучи следната фаза од нивниот процес за пристапување во ЕУ“, одговори Шоле.

Тој рече дека Северна Македонија е одличен партнер, НАТО сојузник и регионален лидер.

За поддршката на САД за интеграцијата на регионот во ЕУ зборуваше и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, кој рече дека Северна Македонија и Албанија се цврсти НАТО сојузници и корисни партнери во нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, рече Ескобар.

19.05.2023 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега