Шкендија го отпушти тренерот Артим Шаќири

 

Македонскиот прволигаш Шкендија го смени досегашниот тренер Артим Шаќири. Покрај тоа, најавени се промени и во сите други структури во тетовскиот клуб.

Артим Шаќири заминува од клупата по ремито (1:1) против Македонија ЃП во Тетово.

Шаќири ја презеде клупата како преодно решение по заминувањето на Бруно Акраповиќ, но потоа го водеше клубот и во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Првично тој требаше да биде спортски директор на клубот.

05.09.2022 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега