Шест лица украле кабли од фотоволтаици во Марена, па ги продале - причинета е штета од 915.000 денари
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.А.(26), Ш.А.(30), Е.А.(23), М.А.(22), Р.А.(18) и Г.А.(21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 и против С.В.(37) со привремен престој во Струмица и А.Ш.(43) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.
На 22.11.2024 и 23.11.2024, првите шест пријавени со употреба на подесен алат од парцела кај место викано Маренски рид, во близина на село Марена, одзеле електричен кабел наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја.
Додека, пак, останатите две лица го откупиле бакарот и каблите. Со ваквото дејствие пријавените предизвикале материјална штета на правно лице од Скопје од околу 915.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа