Шефот на НАТО: Украина постигна многу во офанзивата во Курск
„Украина постигна многу во својата офанзива на регионот Курск во Русија, но тешко е да се каже како ситуацијата понатаму ќе се развива“, изјави за новинарите денеска во Осло генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Само Украинците можат да ги направат тешките избори кои се неопходни, како што се локациите за распоредување на нивните сили и типот на војување соодветен во оваа ситуација“, рече Столтенберг.
„Украина има право на самоодбрана“
Руските сили напредуваат во источна Украина, а украинските војници направија храбар упад во рускиот регион Курск и таму на 6 август го започнаа најголемиот странски напад врз Русија од Втората светска војна.
Столтенберг рече дека Украина има право на самоодбрана, вклучително и достигнување воени цели на руска територија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека упадот на Украина во руската област Курск не успеа да го запре напредувањето на руските сили во Донбас и ги ослабна украинските одбранбени позиции долж линијата на фронтот, што им помогна на силите на Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нападот е обид да се воведе војна во Русија за да се принуди Путин да постигне мир и да создаде тампон зона за да ги спречи руските напади врз соседната област Суми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа