Шефот на ФБИ се сомнева дека Трамп бил погоден со куршум при обидот за атентат

 

Првиот човек на ФБИ се сомнева дека Доналд Трамп бил погоден со куршум за време на обидот за атентат на митингот во Пенсилванија на почетокот на овој месец.

Кристофер Вреј синоќа го информираше Конгресот за обидот за атентат врз Трамп во Батлер и ги изненади присутните со својата изјава.

„Во однос на поранешниот претседател Трамп, постои прашање дали куршум или шрапнел го погодил неговото уво“, рече Вреј, навестувајќи дека Трамп можеби бил погоден од шрапнел, а не од самиот куршум.

„Сега не знам дали тој куршум, можел да заврши на друго место“, додаде Вреј.

Вреј се осврна на безбедносните пропусти што му дозволија на вооружениот Томас Метју Крукс да отвори оган врз Трамп. За време на пукањето, Крукс (20) го уби пожарникар Кори Комператоре (50) и рани уште двајца, меѓу кои и Трамп.

25.07.2024 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега