Семејствата на киднапираните Израелци маршираат кон Ерусалим, го критикуваат Нетанјаху
Семејствата на Израелците кои Хамас ги држи како заложници денеска започнаа петдневен марш од Тел Авив до Ерусалим барајќи од владата да направи повеќе за да обезбеди нивно ослободување. Премиерот Бенјамин Нетанјаху се најде на удар на некои семејства затоа што не направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците.
„Барам од Бенјамин Нетанјаху и од кабинетот да ни дадат одговори и да направат нешто“, рече Шели Шем Тов, чиј 21-годишен син Омер беше однесен во Газа пред пет недели. Се верува дека борците на Хамас зеле околу 240 заложници за време на нивниот напад врз јужен Израел на 7 октомври, а заробениците се на возраст од девет месеци до 85 години.
„Не се чувствувам како да сме во добри раце. Не се чувствуваме како да добиваме доволно информации. Ние сме во темнина. Сакаме одговори. Немам решение, но тоа не е мое работа да барам решение. Мојата работа е да го барам моето семејство назад“, рече Амит Зак, внук на 72-годишниот заложник Адин Моше.
Држејќи ги сликите од заробениците, толпата извикуваше „Донесете ги дома сега“.
Хамас досега ослободи четворица заложници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа