Семејно насилство во Скопје: Маж ја претепал сопругата, ја удирал со тврди предмети
Нов случај на семејно насилство е регистриран денеска во Скопје. Имено, 64-годишен скопјанец ја претепал својата сопруга, а според пријавеното, ја удирал и со тврди предмети.
„Денеска (21.09.2023) во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.А.(64) од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 54 - годишна сопруга, при што употребил и тврди предмети“, изјавија од МВР за „Прес24“.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
21.09.2023 - 16:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа