Се воведуваат три тарифи за такси превозниците во Скопје - сами можат да одлучат која ќе ја применат
Се воведуваат три тарифи за пресметување на цената на авто-такси превозот, а компаниите ќе можат сами да одлучат по која тарифа ќе ја пресметуваат цената на превозот, без оглед на цената на горивата.
Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје, по барање на такси компании и здруженија, а ја поддржаа речиси сите советнички групи.
Советот на Град Скопје порача дека има слух за проблемите и потребите на сите граѓани засегнати од тешката криза во која се наоѓа Македонија!
27.07.2022 - 20:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа