Се судрија автомобил и електричен тротинет, тешко повреден малолетник


Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

12.04.2024 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега