Се развива инјекција против мамурлак
Американските научници истражуваат дали „инјекцијата за трезвеност“ би можела да им помогне на алкохоличарите да се опорават од негативните последици од мамурлакот.
Истражувачите од Универзитетот „Саутвестерн“ во Тексас на лабораториските глувчиња им инјектирале „прекумерна“ доза на етанол, што е еквивалент на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето.
Потоа, како дел од истражувањето, на „алкохолизираните“ глувчиња им бил вбризган хормонот FGF21 кој се наоѓа во црниот дроб.
Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот.
Тие откриле дека на глувците со пониски природни нивоа на хормонот им требало подолго време да се опорават од другите.
Се покажало дека високите дози на FGF21 „значително го забрзуваат“ процесот на отрезнување преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето – дури и кога нивото на етанол во нивното тело е променето.
Водачот на студијата д-р Стивен Клив од Универзитетот во Тексас изразил надеж дека FGF21 ќе биде корисен во лекувањето на пациентите кои пристигнуваат во болница од акутно труење со алкохол.
Зголемената внимателност на пациентот би ни користела во вакви ситуации, пред се затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да запомниме дека пациентите во несвест може да се задушат во сопствената плунка, рече тој.
Резултатите од студијата се објавени во стручното списание „Cell Metabolism“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа