Се расчистува Универзална сала

Изведувачот влезе во Универзална сала и започна со работа. Министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите кажа дека прво ќе се чисти, па потоа ќе се гради.

Во попладневните часови ја посетивме салата, но не начекавме работници. Имаше паркирани специјализирани возила и купишта отпад. Граѓаните зад камерите, во разговор за Сител, тврдат дека утрово се чистел просторот.  

Надлежните од ресорното министерство очекуваат за три години салата да биде функционална. Пари се обезбедени до 2026-та година, а за оваа се предвидени 120 милиони денари.

За потсетување, салата две години си стоеше отворена и нефункционална. Шилегов пред изборите во 2021 година ја започна нејзината реконтрукција. Тогаш не се работеше ниту еден  месец. Па откако Арсовска стана градоначалничка, сите градежни работи беа стопирани. Сега Владата ја презеде обврската да ја реализира нејзината реконструкција, а според најавите, по три години ингеренциите повторно ќе бидат вратени на Град Скопје.

15.02.2024 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега