Се огласи момчето кое Федерер го удри со топче: „14 години не добив извинување а Ѓоковиќ е дисквалификуван“

 

Веста која одекна низ целиот свет, а подоцна покрена бројни реакции гласеше вака: „Новак Ѓоовиќ е дисквалификуван“.

Такви се правилата во тенисот, иако малку сурови иако „гледале низ прсти“ во некои други случаи низ историјата. Неодамна, Бедене избегна дисквалификација, се сеќаваме и кога Надал го погоди собирачот на топки, се сеќаваме и кога Федерер го стори тоа.

Во 2006 година кога Федерер го удри момчето на Австралија опен во близина на теренот и се памети неговата „шармантна реакција“, на што публиката аплаудираше.

Тоа момче, во меѓувреме, порасна и се огласи за инцидентот кој покрена вистинска прашина во спортот.

Неговото име е Хит Џејмисон, и во моментов е многу успешен претприемач во Австралија, а ситуацијата од УС Опен стигна и до него. „Момчето“ ги спореди дисквалификацијата и аплаузот на Федерер со Новак, велејќи дека дури и не добил извинување по сите овие години.

"Федерер ме удри и ми рече дека мора да бидеш подготвен, по што тој се насмевна. Беа тоа тешки 14 години Роџер, дали е време за извинување?", Напиша Хит Џејмисон.

Многумина коментираат дека тој сега само бара внимание, додека некои не веруваат дека тоа е тој ...

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега