Се нишаат автомобили и покриви, продавниците уништени - први снимки од страшниот земјотрес во Јапонија
Разорен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија околу 08:20 часот по локално време.
Издадено е предупредување за цунами, а се чекаат информации за штети и потенцијални жртви.
На социјалните мрежи почнаа да кружат снимки, направени во моментот кога почнал земјотресот.
Бандерите и возилата се нишаат како на бранови.
На разорниот земјотрес му претходеше земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на двата земјотреси бил недалеку од Анамизу.
Цунами од пет метри височина се очекува да го погоди брегот на островот Ното.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, најсилниот земјотрес со јачина од 7,6 степени бил на длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамитсу.
Третиот земјотрес со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 10 километри, јавува Кјодо.
BREAKING: Japan Meteorological Agency says a powerful 7.6-magnitude earthquake has struck Ishikawa Prefecture. Credit: HAB pic.twitter.com/Y4ZW60wR0q
— Nahel Belgherze (@WxNB_) January 1, 2024
Breaking News A major earthquake occurred in Japan. Widespread shaking in Japan. A tsunami warning has also been issued. pic.twitter.com/3LbXJhE7DU
— Naoemon Japan (@woiiw) January 1, 2024
Breaking News A major earthquake occurred in Japan. Widespread shaking in Japan. A tsunami warning has also been issued. pic.twitter.com/nJ0HgwLRvG
— Naoemon Japan (@woiiw) January 1, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа