Сакам да се чувствувам корисно: Харисон Форд не планира да се пензионира

 

 

Холивудската легенда Харисон Форд нема намера да ја прекине својата кариера поради возраста.

80-годишниот актер сака да продолжи да работи бидејќи тоа му помага да се чувствува корисен, а и не се чувствува добро кога нема снимање на повидок.

Во разговор со водителот на „Кејбл њуз нетворк“, (Си-ен-ен), Крис Волес, на прашањето за можноста за пензионирање, рече: „Не ми оди добро кога немам работа“.

„Сакам да работам. Сакам да се чувствувам корисно. Сакам да бидам од помош“.

Харисон ги сака интензитетот и интимноста на соработката при работа на филмски сет.

Запрашан зошто толку многу ја сака глумата, тој рече: „Тоа се луѓето со кои можете да работите. Интензитетот и интимноста на соработката, тоа е комбинирана амбиција, некако искована од зборови на страница“.

Иако Харисон можеби не планира да се повлече, тој неодамна потврди дека „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ ќе бидат неговата последна авантура како археолог.

Во интервју за списанието „Тотал филм“ тој рече: „Ова е последниот филм од серијалот и ова е последен пат да го глумам ликот Инди. Предвидувам дека ќе биде последен пат Инди да се појави во филм“.

Харисон призна дека отсекогаш сакал да му даде убедлив и конечен крај на ликот.

„Отсекогаш сум сакал да го правам ова. Последно поглавје. За Индијана Џонс, сакав да го видам на крајот од неговата кариера, на крајот од патот што го воспоставивме. Ние го однесовме на дел од патот, сакав да нè однесам до крај“, изјави Форд за „Ентертејнмент тунајт“.

 
26.06.2023 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега