САД замрзнаа 95 милиони долари помош за Грузија
САД денеска соопштија дека замрзнуваат повеќе од 95 милиони американски долари помош за Владата на Грузија поради „антидемократски акции“.
Замрзнувањето на средствата е поради неодамнешното усвојување на закон, кој е сличен на репресивно руско законодавство.
– Антидемократските акции и лажните изјави на грузиската Влада се некомпатибилни со нормите за членство во ЕУ и НАТО, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
На 3 јули стапи во сила контроверзниот закон за „странски агенти“, според кој медиумите, невладините и другите непрофитни организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа