САД: Русија е одговорна за смртта на Навални
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека Русија е одговорна за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални доколку веста за неговата смрт е точна.
„Прво и основно, ако оваа вест е вистинита, нашите мисли се со неговата сопруга и семејството“, рече Блинкен во Минхен, каде што присуствува на безбедносна конференција, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека смртта на Навални во руски затвор ги истакнува слабоста и гнилоста во срцето на системот што Путин го изгради.
„Русија е одговорна за ова. „Ќе разговараме со многу други земји, кои се загрижени за Алексеј Навални, особено ако се потврди дека овие извештаи се вистинити“, рече Блинкен.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец објави претходно денеска дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Навални издржуваше 30-годишна затворска казна и беше познат како остар критичар на Кремљ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа