Руски генерал кој бил отпуштен минатиот месец се самоубил

 

Генерал-мајор Владимир Макаров, поранешен заменик-директор на Центарот за борба против екстремизмот на руското Министерство за внатрешни работи, е пронајден мртов во селото Голиково во близина на Москва.

Иако оваа информација се уште не е официјално потврдена, ја објавија повеќе медиуми, меѓу кои и руската државна новинска агенција Тасс.

Се шпекулира дека покојниот генерал можеби се самоубил откако минатиот месец беше отпуштен од Министерството за внатрешни работи.

Телеграмскиот канал VChK-OGPU ги цитира роднините кои велат дека Макаров паднал во депресија откако ја изгубил работата.

Се зборуваше дека неговата сопруга пронашла оружје покрај неговото тело, пренесува Ројтерс.

13.02.2023 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега