Руската служба за разузнавање за САД: Тие обучуваат 300 борци на „Исламската држава“ да напаѓаат објекти во Сирија и Иран

 

 

Соединетите Американски Држави планираат да користат борци од терористичката организација „Исламска држава“ за напад на воени објекти во Сирија и Иран, вклучително и руски војници, тврди Руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

САД планираат да формираат неколку групи од околу 300 борци, пренесува ТАСС.

СВР тврди дека Исламската држава има задача да поттикнува непријателства во југоисточните области на Сирија, Ас-Суваиди и Дара, во централниот регион Хомс, како и областа источно од реката Еуфрат, Рака.

„Нивните патрони имаат намера да искористат некои од терористите во регионот на главниот град Техеран, меѓу другото, за киднапирање на руски и ирански војници“, се наведува во соопштението на Руската служба за надворешно разузнавање.

20.03.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега