Русите ја нападнаа Полтава, над 50 мртви
Руските сили извршија напад врз украинскиот град Полтава, во кој загинаа најмалку 50 лица. Во оваа прилика се огласи претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Добив прелиминарни извештаи за рускиот напад на Полтава. Според моментално достапните информации, две балистички проектили удриле на територија на образовна институција и соседна болница. Една од зградите на Институтот за комуникации е делумно уништена“, рече Зеленски.
„Луѓе беа заробени под урнатините. Многумина беа спасени. Повеќе од 180 луѓе се повредени. За жал, има многу загинати. Мое сочувство до сите семејства и пријатели“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека наредил целосна и брза истрага за сите околности на инцидентот.
„Во спасувачката операција се вклучени сите потребни служби. Благодарен сум на сите кои уште од првите минути по ударот им помагаат на луѓето кои спасуваат животи“, додаде шефот на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа