Русија: Украински авион се урна на наша територија, го приведовме пилотот

 

Граничната служба на руската Федерална служба за безбедност соопшти дека украински лесен авион се урна во областа Брјанск.

Руските граничари, како што се тврди, го привеле пилотот, јавуваат руските медиуми.

„Од засега непознати причини, авионот се урна во близина на селото Бутовск“, додаваат во соопштението за медиумите.

Тие тврдат дека руските граничари уапсиле пилот кој се обидел да побегне на украинска територија.

Специјалната служба, според написите, започна постапка против прекршителите на државната граница.

05.04.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега