Русија: Се урна хеликоптер за брза помош - пилотот загина на лице место
Хеликоптер за брза помош се урна во руската област Волгоград, при што загина едно лице, потврдија за руската државна новинска агенција Тасс, регионалните служби за итни случаи.
„Се урна медицински хеликоптер, еден член на екипажот загина“, изјави претставник на Брзата помош.
Тој додаде дека хеликоптерот се урнал на враќање кон базата. Пилотот загинал на лице место, а освен него немало други патници. Хеликоптерот се урнал пред населено место.
Рускиот истражен комитет потоа објави дека соборениот хеликоптер Ансат и телото на 56-годишниот пилот биле пронајдени во раните утрински часови во близина на селото Ерзовка, во регионот на Волгоград. Украинска Правда сподели видео на Твитер на кое се гледа местото на несреќата и уништениот хеликоптер.
Під російським Волгоградом розбився вертоліт санавіації. Відео місця падіння Telegram Слідкому РФ pic.twitter.com/D22QGRuTni
— Українська правда (@ukrpravda_news) April 25, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа